Дома Фудбал Легендарниот Фердинанд засекогаш го напушти Лондон, еве каде се пресели

Легендарниот Фердинанд засекогаш го напушти Лондон, еве каде се пресели

Поранешната фудбалска ѕвезда и легенда на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, заедно со неговата сопруга Кејт, објавија дека се преселиле во Дубаи каде што планираат да започнат нов живот со своето семејство.

Семејството Фердинанд купи луксузна вила во ексклузивната населба Ал Барари, позната како „Зелено срце на Дубаи“, за сума од 7,4 милиони евра. Ова е импресивна имот со површина од речиси 1.200 квадратни метри, кој одава впечаток со современ минималистички дизајн и врвни удобности.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вилата има седум спални соби, огромен двор и базен, приватно кино во подрумот и кровна тераса со поглед на пустината, како и главна спална соба со спа купатило, ормани и балкон со поглед на езеро.

Во емотивна заедничка објава на Instagram, двојката истакна дека со години разговарале за преселба, а сега конечно го оствариле сонот во градот каде што се запознале за првпат.

„Ново поглавје, нов почеток, ако не се обидеме, никогаш нема да знаеме“.

Објавата беше збогатена со серија семејни фотографии од нивниот нов дом, вклучувајќи игри во базенот со децата, прошетки низ градина, семејни собири и поглед на Бурџ Калифа, симболот на Дубаи.

Рио и Кејт се венчаа во 2019 година. Кејт стана маќеа на неговите деца од првиот брак со Ребека Елисон, Лоренц (19), Тејт (17) и Тија (14). Ребека почина од рак на дојка во 2015 година на 34-годишна возраст.

Заедно, Рио и Кејт добија двајца деца, синот Кри (4) и ќерката Шеј (2).

Со преселбата во Дубаи, семејството Фердинанд се приклучи на бројни познати лица кои веќе живеат во луксузните четврти на овој град. Нивниот нов дом се наоѓа во престижната населба Ал Барари.

Вилата на Фердинанд и неговото семејство се смета за една од најубавите во целиот комплекс, а цените на слични имоти во Ал Барари достигнуваат до неверојатни 23 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид и Марсеј сè уште не можат да се договорат за Себаљос

Реал Мадрид и Марсеј сè уште не можат да постигнат договор за трансферот на играчот од сре…