Дома Фудбал Легенда на Атлетик Билбао: Шпанскиот Суперкуп во С. Арабија е срамота и глупост!

Легенда на Атлетик Билбао: Шпанскиот Суперкуп во С. Арабија е срамота и глупост!

Инаки Вилијамс од Атлетик Билбао е легенда на баскискиот клуб со 447 настапи и 108 голови за актуелниот освојувач на Купот на кралот. Атлетик на тој начин ја обезбеди учеството во шпанскиот Суперкуп, но кој повеќе не се игра само меѓу шампионот и освојувачот на купот на таа земја, ниту пак се игра во неа. Сега се игра како турнир на четирите екипи во Саудиска Арабија. Шпанскиот сојуз го премести натпреварувањето таму и го прошири поради милионската заработка од богатите Саудијци.

Но на Вилијамс тоа воопшто не му се допаѓа, објави по тоа што во полуфиналето на овој Ф4-турнир во Ријад неговиот клуб загуби 0:2 од Барселона, која сега во финалето го чека победникот од денешниот натпревар меѓу Реал и Мајорка.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„Штета е што вакви атрактивни натпревари меѓу шпанските клубови се играат на другиот крај на светот и без нашите навивачи. Поточно, имаше неколкумина овде, но тоа е занемарлив број. Да се играше во Шпанија, стадионот би бил полн со нашите навивачи. Срамота е што за Суперкупот на Шпанија мораме да патуваме илјадници километри далеку од нашата земја, навивачите и семејството“, кажа Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА укина дел од санкциите кон Русија!

Европската унија на фудбалот (УЕФА) одлучи да укине дел од санкциите кон Русија, со што им…