Дома Фудбал Леброн го прескокна Џабар на вечната листа, сега пред него има само уште еден кошаркар

Леброн го прескокна Џабар на вечната листа, сега пред него има само уште еден кошаркар

Леброн Џејмс е на добар пат да собори уште еден рекорд во НБА лигата.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, во победата против Далас, одигра 1561 натпревар. Со тоа го презеде второто место на вечната листа од Карим Абдул Џабар (1560).

Пред него според овој критериум е само Роберт Перищ, славниот центар на Бостон Селтикс со 1611 натпревари. Ако Леброн продолжи да игра и следната сезона ќе го собори и овој рекорд.

Кралот Џејмс веќе е најдобриот стрелец во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот, достигнувајќи повеќе од 40 илјади поени.

Во својата 22-та НБА сезона во просек бележи 24,6 поени, 8,2 асистенции и 7,9 скокови по натпревар, а Лејкерс се трети тим на Западот со скор 49-31.

Фото: Los Angeles Lakers/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…