Дома Останати Кошарка Лејкерс загуби од Голден Стејт: Кари им одржа лекција на Дончиќ и Леброн (Видео)

Лејкерс загуби од Голден Стејт: Кари им одржа лекција на Дончиќ и Леброн (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс и покрај тоа што во својот состав има две врвни ѕвезди, тимот сè уште не изгледа подготвен да се вклучи во борбата за шампионската титула.

Во утринскиот дерби-судир на Калифорнија, „езерџиите“ беа поразени од Голден Стејт со 123:116, пропуштајќи можност да се искачат повисоко на табелата по неуспехот на Денвер. Лејкерс остануваат на четвртата позиција во Западната конференција, а токму Воините би можеле да им бидат противници уште во првата рунда од плејофот, ако се задржи моменталниот распоред. На крајот, Кари мечот го заврши со 37 поени, додека Џејмс беше најдобар кај Лејкерс со 33 поени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во меѓувреме, слаба вечер имаше и Лука Дончиќ, кој постигна 19 поени, но прецизноста од далечина целосно го издаде – ги промаши сите шест обиди за три поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најава за спектакл во Белград: Дончиќ си поигра со Британците како со мали деца (Видео)

Лука Дончиќ се истакна пред спектаклот во Белградската Арена (четврток, 20 часот). Капитен…