Дома Фудбал Куртоа: Во Барселона не нè почитуваа ниту кога победуваа, а не пак сега!

Куртоа: Во Барселона не нè почитуваа ниту кога победуваа, а не пак сега!

СКОРО еден месец помина од Ел Класико, каде Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:1 на Сантијаго Бернабеу. Натпреварот беше исполнет со тензии од двете страни, на кои се осврна долгогодишниот голман на Реал, Тибо Куртоа. Белгиецот учествуваше во конфликт со Ламин Јамал, кој претходно имаше разговор со Дани Карвахал, дефанзивец на Реал и шпански репрезентативец.

Јамал пред натпреварот ја распалуваше атмосферата со изјавите дека играчите на Реал постојано се жалат дека им се крадат победи. Минатата сезона Реал остана без трофеи, но оваа сезона игра најдобро во првенството и има три бода предност пред Барселона.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


“Ламин Јамал зборуваше многу и предизвика тензија пред натпреварот, а новинарите го искористија тоа. Видов дека на мечот зборуваше со Карвахал. Секако, ако почне да вели нешто, јас ќе реагирам. Веќе споменав дека атмосферата беше наелектризирана. Тензиите беа високи, работеше адреналинот.

Понекогаш во такви околности се кажуваат непотребни зборови. Ел Класико е таков, ни е потребна таква атмосфера. Минатата сезона загубивме четири пати од Барселона. Тие се нашите ривали. Не не’ почитуваа ниту кога победуваа, ниту не почитуваат и сега. Немам проблем со Јамал, конфликтите се нешто што се случува на теренот.

Ако го видам во ресторан утре, ќе го поздравам. Нема проблеми меѓу мене и него, но конфликтите понекогаш се случуваат во фудбалот. Тоа што го направи пред натпреварот беше додатно напрегање на ситуацијата. Нè мотивираше во Ел Класико дури и повеќе од вообичаено”, изјави Куртоа за COPE.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Жешкото дерби“ во Сингелиќ за Брегалница, прв пораз на Шкендија Арачиново! (Видео)

Во дербито од 13. коло во Втората македонска лига, одиграно денеска на теренот во Сингелиќ…