Дома Фудбал Кристијано Роналдо: Јас припаѓам на Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо: Јас припаѓам на Саудиска Арабија

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се врати на настапите за Ал Наср по тензии со раководството на саудискиот шампионат поради, како што тврдеше, “различен третман”.

Тој не се согласуваше со тоа што на Ал Хилал им се дозволуваат одредени потези на трансфер пазарот, додека другите тимови немаат сличен третман. Поради тоа одби да тренира и игра, па дури се зборуваше и за негово заминување. Но, тоа нема да се случи, особено по неговата последна изјава.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


“Сакам да останам тука. Ова е земја што ме прими, како и моето семејство и пријателите. Припаѓам во Саудиска Арабија – Среќен сум тука и сакам да останам тука”, рече Португалецот по натпреварот на “Крал Сауид стадионот”.

Постигна два гола против Ал Хазем во победата од 4:0, враќајќи го Ал Наср на врвот на табелата на домашното првенство со бод повеќе од Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн проговори за интересирањето на Барселона

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ги демантираше сите контакти со Барселона. Претседат…