Дома Фудбал Кристал Палас вчера го прослави својот втор голем трофеј во историјата, а денеска доби ужасни вести

Кристал Палас вчера го прослави својот втор голем трофеј во историјата, а денеска доби ужасни вести

Кристал Палас вчера го прослави освојувањето на вториот трофеј во својата историја, но денес доби лоши вести од Меѓународниот суд за спортска арбитража (CAS).

Палас го освои Community Shield со победа на пенали против Ливерпул и како освојувач на FA Купот требаше да учествува во Лигата на Европа.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Сепак, УЕФА не го дозволи тоа бидејќи сопственикот на Палас, Џон Текстор, веќе има еден клуб во ова натпреварување – францускиот Лион.

Лион доби предност затоа што заврши шести во Лига 1, додека Кристал Палас беше 12-ти во Премиер лигата. Лондонскиот клуб поднесе жалба до CAS, откако Текстор се повлече од Управниот одбор на Лион, но CAS пресуди дека ова не треба да влијае на одлуката на УЕФА и Палас ќе игра во Конференциската лига.

“Правилата на УЕФА се јасни и стои дека до 1 март Текстор требаше да се повлече од една од функциите. Бидејќи и понатаму имаше влијание во двата клуба, одлуката на УЕФА дека Лион игра во Лига на Европа, а Кристал Палас во Конференциската лига е валидна и останува на сила”, соопштија од CAS.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ ја отвори вратата за Донарума, не го повика за Суперкупот

Пари Сен Жермен му покажа на Џанлујџи Донарума дека нема намера повеќе да се потпира на не…