Дома Фудбал Кражба на летото: Директорот на Арсенал закажал состанок – ќе му го расипе договорот на Манчестер Јунајтед

Кражба на летото: Директорот на Арсенал закажал состанок – ќе му го расипе договорот на Манчестер Јунајтед

Навивачите, но и сите во Манчестер Јунајтед сега ќе имаат дополнителна причина да бидат лути на Арсенал и да го мразат овој клуб.

Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта ќе одржи вонредни разговори со надеж да го украде договореното засилување на Манчестер Јунајтед.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Арсенал и Манчестер Јунајтед ги очекува многу сериозно лето во кое ќе се обидуваат да донесат неколку квалитетни фудбалери, но исто така и продавањето во двата тима.

„Топчиите“ ќе бараат засилувања со кои ќе нападнат првото место во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите.

Од друга страна, Рубен Аморим по ужасната сезона сака засилувања кои прво ќе го вратат Манчестер Јунајтед во топ четири екипи во Англија.

Сите во Манчестер Јунајтед во последниве неколку денови сметаат дека е завршено носењето на Матеус Куња од Вулверхемптон.

Станува збор за одличен фудбалер со кого треба да се договорат личните услови и нема преговори со клубот затоа што има излезна клаузула од 75 милиони евра.

Сепак, Бен Џејкобс известува дека Арсенал решил да учествува во трката за овој фудбалер и сакаат да го донесат ова лето.

Наводно, спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, веќе закажал состанок со претставниците на Куња, и сето тоа за да го украде од Манчестер Јунајтед.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Фенербахче – Тадиќ среде натпревар тргна на Талиска (видео)

Неверојатни сцени се случија при крајот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Башакшех…