Дома Фудбал Крај на трансферите какви што ги знаеме? Венгер најави дека ова лето може да биде почеток на големи промени

Крај на трансферите какви што ги знаеме? Венгер најави дека ова лето може да биде почеток на големи промени

На почетокот на летниот трансфер период се очекува официјално да биде потврдено дека Трент Александер-Арнолд ќе ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид откако заминува од Ливерпул. Ова се уште не е направено бидејќи сите детали од договорот сè уште не се усогласени, но медиумите во Англија и Шпанија веќе го третираат овој трансфер како завршена работа.

Во Реал се надеваат дека Александер-Арнолд ќе настапува за нив на Светското клубско првенство, но за тоа би требало да платат еден милион евра на Ливерпул. Во спротивно, тој ќе пристигне во клубот на почетокот на јули како слободен играч откако ќе му заврши договорот со англискиот клуб.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Откако минатото лето, како слободен играч, во Реал пристигна Килијан Мбапе, мадридскиот гигант направи уште еден добар потег, а поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега е на чело на глобалното развивање на фудбалот во ФИФА смета дека ваквите трансфери ќе станат сè почести бидејќи клубовите не можат да си дозволат скапи зделки.

“Мислам дека трансферот на Трент Александер-Арнолд покажува нов тренд во играта, повеќе нема трансфери на големи играчи. Сите тие си заминуваат на крајот од нивните договори. Платите се толку високи што повеќе не е можно да се плаќаат трансфери”, рече Венгер и додаде:

“Реал Мадрид одамна го контактираше Арнолд. Големите клубови го прават тоа. Две години пред истекот на договорот, ти велат: ‘Сакаме да те потпишеме, ќе ти ја понудиме оваа плата и ќе се обидеме да направиме понуда на твојот клуб.’ Ако не успеат, се враќаат следната година, а ако не, ќе те потпишат бесплатно. Тоа го направија со Мбапе.”

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видете што промаши Гарначо (видео)

Манчестер Јунајтед има негатива од 1:0 на полувреме на мечот против Атлетик Билбао. Во фин…