Манчестер Сити поминува низ невидена криза и сигурно ќе се обидат да донесат неколку фудбалери во јануари. Според најавите од островот, се подготвува трансфер вреден 60 милиони евра, а од сето тоа најмногу ќе настрада Матео Ковачиќ.
Одредена е примарната мета на Манчестер Сити за јануарскиот трансфер период и тоа е лоша вест за Ковачиќ, кому конкуренцијата ќе стане жестока, што автоматски значи помалку минути на теренот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
“Граѓаните” го означија играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, како своја главна мета за јануарскиот прозорец, иако Бруно Гимараеш од Њукасл е најголемата желба на Гвардиола.
Родри е еден од најважните играчи на Гвардиола, но претрпе сериозна повреда на коленото и нема да биде достапен до крајот на сезоната.
Шпанецот се обиде со Ковачиќ на неговата позиција и тоа изгледаше сосема пристојно, но Хрватот се повреди и “граѓаните” повторно се соочија со проблеми.
Поради сето тоа, “граѓаните” сакаат да донесат нов играч од средниот ред кој ќе го покрие отсуството на Родри, а Едерсон е еден од оние кои се поврзани со премин на Етихад.
Англискиот „TeamTalk“ известува дека во последните денови Сити интензивно разговара со агентите на Едерсон за да го проценат неговото доведување во јануари.
Се наведува дека играчот е возбуден поради можноста да потпише договор со еден од најсилните тимови во светот и да работи под водството на Гвардиола.
Сепак, Аталанта не сака да го изгуби Едерсон и му одреди цена од 60 милиони евра.
Гвардиола знае дека во следниот месец мора да потпише договор со нов играч од средниот ред ако сака да остане конкурентен до крајот на сезоната.
Извори открија дека постојат уште три цели на клускиот тесен избор ако го пропуштат Едерсон.
Тоа се Тијани Рејндерс од Милан, а Росонерите за Холанѓанецот бараат 50 милиони евра, потоа Адам Вартон од Кристал Палас и Гимараеш, кого Њукасл не сака да го продаде за помалку од 100 милиони евра.
Следните шест месеци можат да бидат последните во дресот на Манчестер Сити за многу ѕвезди на “граѓаните”.
Голманот Едерсон, Бернардо Силва, Рубен Диас, Кевин Де Брујн и Кајл Вокер се само некои од играчите кои се споменуваат со заминување.
Се работи за играчи кои се најзаслужни што Сити го стекна статусот на европски великан, но очигледно дојде до заситување од двете страни.
Единственото сигурно е дека Гвардиола нема да оди никаде, иако во последните седум лигашки натпревари е запишана само една победа.