Дома Останати Ракомет Костески: Изгинавме за Македонија, главата горе, одиме понатаму!

Костески: Изгинавме за Македонија, главата горе, одиме понатаму!

Македонската ракометна репрезентација приреди одлична игра против Унгарија, завршувајќи со нерешен резултат 27-27 во првиот натпревар од Светското првенство (СП). Иако македонските ракометари беа блиску до победа во последните минути, освоениот бод е значаен успех и силен поттик за натамошните предизвици.

Ненад Костески го истакна огромниот труд и посветеност што тимот го вложи на теренот.

„Беше ова навистина тежок и исцрпувачки натпревар. Дадовме сè од себе и го оставивме срцето на теренот за Македонија. Малку ни недостигаше за победа, но овој резултат покажува дека сме на вистинскиот пат. Се боревме како еден и докажавме дека вредиме многу како репрезентација. Изгинавме на теренот за Македонија, главата горе, одиме понатаму“, изјави Костески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Инцидент на ракометен натпревар во Белград: Играч нокаутиран, татко му влета на теренот

Натпреварот меѓу Лавови и Партизан во ракометната лига беше обележан со инцидент во 54. ми…