Дома Фудбал Контроверзниот газда на Олимпијакос и Нотингем Форест обвинет за спортско насилство

Контроверзниот газда на Олимпијакос и Нотингем Форест обвинет за спортско насилство

Грчкиот суд го обвини претседателот на фудбалскиот клуб Олимпијакос Пиреус, Евангелос Маринакис и четворица членови на одборот по истрагата за спортско насилство.

Маринакис, бродски и медиумски тајкун, кој исто така е сопственик на англискиот премиерлигаш Нотингем Форест, и членовите на одборот негираат дека сториле нешто лошо. Грчкиот судски систем има неколку подготвителни фази и собирањето на обвиненијата не значи дека поединецот наскоро ќе се соочи со судење.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Обвинетите формално ќе се изјаснат во декември по обвиненијата за поддршка на криминална организација поврзана со навивачите на Олимпијакос и поттикнување спортско насилство, изјавија во вторникот двајца адвокати.

Потпретседателот на Олимпијакос и градоначалник на Пиреја, Јанис Моралис, кој исто така е повикан на суд, се изјасни за невин во која го опиша „дискриминаторскиот третман“ на спортскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Атлетико требаше да добие црвен картон, а Барселона пенал. Каква е целта на ВАР?

Во петтиот натпревар помеѓу овосезонските ривали, Атлетико Мадрид во средата го совлада Ба…