Дома Фудбал Конте „распали“ по медиумите: Треба да ми бидете благодарни

Конте „распали“ по медиумите: Треба да ми бидете благодарни

Тренерот на Наполи Антонио Конте истакна дека медиумите треба да му бидат благодарни на неговиот клуб затоа што трката за шампионската титула во Серија А е сè уште жива. „Нашата цел е да го направиме Интер нервозен, и тоа го правиме. Заостануваме три бода зад тимот кој одлично игра во Лигата на шампионите, а исто така е успешен и во домашното првенство и купот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Мислам дека некој од медиумите треба да ни биде благодарен што го одржуваме првенството неизвесно. Без Наполи, прашањето за шампион веќе ќе беше решено, на телевизија немаше да има толку многу емисии за Серија А, а и весниците би се продавале помалку,” рече Конте откако неговиот тим во понеделникот во последниот натпревар од 32. коло на италијанското првенство дома го победи Емполи со 3:0.

Шест кола пред крајот на првенството Интер е на врвот со 71 бод, а на второ место е Наполи со 68 бода. Освен што се водечки во италијанското првенство, играчите на Интер имаат можност да се пласираат во полуфинале на Лигата на шампионите бидејќи минатата недела во гости го победија Баерн со 1:2, а во среда е реваншот на Сан Сиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик може да остане без голема ѕвезда: Барса добила понуда од 90 милиони евра!

Ова лето Барселона може да остане без својот бразилски офанзивец Рафиња, бидејќи за него п…