![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/konte-819x491.jpg)
Фудбалерите на Наполи се лидери во италијанската Серија А. Тимот од Неапол по последниот кикс имаат само еден бод повеќе од Интер.
Наполи за викендот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ одигра нерешено со Удинезе, но тренерот на Наполитанците Антонио Конте не жали многу за „изгубените“ два бода. Тој нагласува дека целта поставена пред него на почетокот на сезоната била обезбедување пласман во Европа.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
„Нерешено со Удинезе не е крај на светот. Тоа е добар тим со добри играчи. Не е ова никаква пропуштена шанса. Да не бегаме од реалноста. Во следните 14 натпревари мораме да го обезбедиме пласманот во Европа. Тоа беше барање на клубот кога дојдов. Тука се вбројуваат и Лига Европа и Лига на конференции. Сега сме на позиција на која сите би сакале да бидат, но колку сте поблиску до врвот, толку притисокот е поголем. Во последните девет натпревари имаме седум победи и две нерешени, а израмнувачкиот гол против Рома го примивме во 93. минута“, рече Конте.