Дома Фудбал Кој беше докторот поради кој се одложи натпреварот на Барселона?

Кој беше докторот поради кој се одложи натпреварот на Барселона?

Веста за одложувањето на натпреварот поради смртта на член од медицинскиот тим ги потресе играчите, но и навивачите на ФК Барселона.

Доктор Карлос Мињаро беше исклучително близок со играчите и претставуваше своевидна врска меѓу стручниот штаб и играчите. Тој беше задолжен за комуникацијата со играчите на теренот, а начинот на комуникација му беше таков што балансираше меѓу разбурканите емоции на фудбалерите кои моментално играат и медицинските потреби во тој момент.

Последен пат беше во фокусот на јавноста кога на еден од претходните натпревари му предложи на Флик дека Гави не може да продолжи со игра, откако доби непријатен удар на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси потроши 349 милиони, а сепак заврши во плус: Од Стeмфорд Бриџ заминаа дури 39 играчи!

Челси за време на летниот преоден рок продаде 17 и изнајми уште 22 фудбалери. Клубот тврди…