Дома Фудбал Англија Клоп бил против трансферот на Салах, барал друга ѕвезда од Бундеслигата

Клоп бил против трансферот на Салах, барал друга ѕвезда од Бундеслигата

Мохамед Салах испиша историја во Ливерпул. Египќанинот го водеше тимот до титулата шампион на Англија, трофејот во Лигата на шампионите, а лесно можело да се случи воопшто и да не заигра на „Енфилд“ поради Јирген Клоп.

Поранешниот аналитичар на Ливерпул, Иан Грем, открива дека германскиот стратег Јирген Клоп всушност не сакал Мохамед Салах да биде дел од неговиот тим.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во 2017 година, Ливерпул беше во потрага по крилен напаѓач. Клоп инсистирал да биде донесен фудбалерот на Борусија Дортмунд – Јулијан Брандт.

„Јирген инсистираше да го купиме Јулијан Брандт. Клоп одлично го познаваше од Бундеслигата и добро беше запознаен со германскиот фудбалски пазар“, изјави Грем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Драма во Елче: Реал Мадрид двапати спасуваше „жива глава“ и на крај освои бод (Видео)

Реал Мадрид повторно се сопна во Ла Лига, одигравајќи само 2-2 на гостувањето кај Елче – р…