
Легендарниот германски напаѓач Томас Милер го постигна својот прв гол за канадскиот тим Ванкувер Вајткепс. Тој им донесе победа од 3:2 против Сент Луис со погодок во 14. минута од судиското надополнување на второто полувреме. Милер постигна гол од спорен пенал. Снимката од голот можете да ја погледнете ОВДЕ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова е прв негов гол во сениорската кариера за клуб кој не е Баерн. Во Минхен играше од 2000 година, кога имаше само 11 години. Во сениорскиот состав дебитираше во март 2008, а вкупно има 756 натпревари и 250 постигнати голови. Со дресот на минхенскиот клуб освои дури 33 трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите.
Од навивачите на германскиот гигант се прости во крајот на мај, по 25 години со клубот и освоени 13 титули во германската лига. Своите последни минути во дресот на Баерн ги одигра ова лето на Светското клупско првенство во САД.