Дома Фудбал Киву за дебаклот против Бодо добива – нов договор и поголема плата!

Киву за дебаклот против Бодо добива – нов договор и поголема плата!

Еден ден по вториот пораз од Бодо и елиминацијата од Лигата на шампионите од Италија пристигна по малку изненадувачка вест за Киву во овој момент..

Интер изгледа како да сака да му „изрази благодарност“ на тренерот Кристијан Киву за европскиот дебакл оваа сезона.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во Италија се појавија шпекулации дали Романецот, кој го има Александар Коларов како асистент, е вистинското решение за клупата на славниот клуб, но наместо отказ, дојде неочекуван пресврт – нов договор!

Според информациите од реномираниот италијански инсјадер Николо Шира, претседателот на „нероазурите“ Џузепе Марота одлучил да му даде целосна поддршка на Киву. Романскиот стратег ќе добие понуда да го продолжи договорот до 2028 година, со можност за продолжение за уште една година, како и значително зголемување на платата.

Ако го потпише договорот, а зошто не би, Киву ќе прејде од актуелните 2,5 на над 3 милиони евра годишно, во зависност од резултатите.

Киву го презеде тимот по минатосезонското финале на Лигата на шампионите, каде што Интер загуби со тежок резултат од Пари Сен Жермен (5:0). Крајот на минатата сезона остана обележан со разочарувања и во Купот и во првенството, каде Интер не успеа да ја освои титулата во дуелот со Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паметен пресврт и драма на крајот, Аталанта ја елиминира Борусија Дортмунд

Аталанта создаде извонреден пресврт и по победата со 4:1 ја елиминираше Борусија Дортмунд …