Дома Останати Кошарка Кевин Дурант по спектакуларниот трејд стана еден од сопствениците на европскиот гигант

Кевин Дурант по спектакуларниот трејд стана еден од сопствениците на европскиот гигант

Веста за преселбата на Кевин Дурант од Феникс во Хјустон изненади многумина, но истиот тој шок го ублажи неговиот профитабилен договор со Катар спортс инвесмент груп, која му овозможи индиректно да стане содружник на Пари Сен Жермен.

Катар спортс инвесмент е главниот акционер на Пари Сен Жермен, а преку склучениот договор со оваа групација, Дурант влегува во сопственичката структура на клубот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ова партнерство вклучува соработка на комерцијални, инвестициони и спортски проекти, меѓу кои и можноста за вклучување на европски клубови под поддршка на НБА лигата во планираното проширување на НБА на европскиот континент.

„Голема чест ми е да бидам партнер со Катар спортс инвесмент груп и дел од содружништвото на Пари Сен Жермен, клуб од град со посебно значење за мене. Клубот има амбициозни планови и со радост учествувам во следната фаза на раст и нови инвестициони можности“, изјави еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Дурант ќе игра консултативна улога во понатамошниот развој на мултиспортската стратегија на ПСЖ, особено во врска со плановите за основање кошаркарски клуб, изјавија преставниците на европскиот шампион.

„Според условите на ова партнерство, Дурант преку неговата медиумска и инвестициона компанија Бордрум, која ја основа со Рик Клајман, добива директен малцински удел во клубот“, се вели во соопштението на клубот.

Дурант и претходно имаше врски со ПСЖ преку инвестициите од фондот Аркотс спорт партнерс, но овој пат директно инвестира во клубот. Иако точниот удел на Дурант не е објавен, познато е дека се работи за мултимилионска инвестиција.

„Во Кевин гледаме стратешки партнер кој носи иновација, вредност и глобална перспектива за нашиот проект“, изјави Насер ал Келајфи, првиот човек на ПСЖ и Катар спорт инвесментс груп.

Фото: Phoenix Suns/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шеј Гилџис-Александар го сруши 22 години стариот рекорд на Мајкл Џордан

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ја освоија првата титула во историјата на НБА лигата, …