
Баерн Минхен испрати јасна порака до сите заинтересирани клубови, особено до Реал Мадрид – Мајкл Олисе не е на продажба.
Директор на баварскиот гигант во изјава за германските медиуми категорично ги демантираше гласините за можен трансфер на францускиот офанзивец на „Сантијаго Бернабеу“, нагласувајќи дека такво сценарио воопшто не постои.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Олисе во Реал Мадрид? Не, едноставно не – нема шанси. Имаме долгорочен проект, Мајкл се чувствува одлично тука, а фудбалот што го играме е фантастичен. Тој останува“, изјави функционерот на Баерн.
Оваа изјава доаѓа по засилените шпекулации дека „кралевите“ го следат крилниот напаѓач и би можеле да испратат понуда во наредниот преоден рок.