Дома Фудбал Карабах со ВАР доби пенал на арената, Шкендија има негатива на полувреме (ВИДЕО)

Карабах со ВАР доби пенал на арената, Шкендија има негатива на полувреме (ВИДЕО)

Во првото полувреме од натпреварот меѓу Шкендија и Карабах, гледавме претпазлива и затворена игра со малку возбудувања пред двата гола. Единствениот погодок го постигна азербејџанскиот тим од белата точка, по интервенција на ВАР во 18. минута, кога Бајрамов беше прецизен од пенал.

Шкендија не успеа посериозно да се закани кон голот на Карабах, освен со неколку обиди кои не претставуваа вистинска опасност. Гостите контролираа дел од ритамот, а домашните фудбалери не најдоа начин како да го пробијат цврстиот блок на противникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…