Дома Останати Кошарка Каква вечер за Јокиќ: Постигна 56 поени! (Видео)

Каква вечер за Јокиќ: Постигна 56 поени! (Видео)

Кошаркарите на Вашингтон Визардс славеа на свој терен против тимот на Денвер Нагетс со резултат 122:113, а натпреварот го обележа рекордот во кариерата на српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Домашните подобро го започнаа мечот против фаворизираните гости и целото прво полувреме беа подобар ривал, поради што на одмор отидоа со предност од 69:57.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


До триумфот Вашингтон беше предводен од Пул со 39 и Шампани со 23 поени.

Од спротивната страна, единствено расположен беше Јокиќ кој постигна неверојатни 56 поени и тоа е негов рекорд на кариерата, од игра шутираше22/38, а од линијата за слободни фрлања 9/13.п Покрај неверојатната шутерска вечер додаде 16 скока и осум асистенции.

Денвер во овој момент е на деветто место во Западната конференција во НБА лигата со 11 победи и 10 порази, додека Вашингтон е последен на Истокот со скор 3-18.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанакопулос сакаше да се тепа со навивачи, па ѝ бегаше на полиција преку гаража (Видео0

Контроверзниот претседател на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, успеа да избега од полиц…