Касемиро не се прослави на Олд Трафорд, но при тоа заработи огромни пари. Бразилецот воопшто не се снајде во дресот на Манчестер Јунајтед и време е за заминување.
Касемиро на осум од последните 10 натпревари на Манчестер Јунајтед беше неискористена замена, што е јасен знак дека Рубен Аморим повеќе не смета на него.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Во последните месеци се зборуваше дека искусниот Бразилец е на пат за Саудиска Арабија за да потпише за Ал Наср и повторно да игра со Кристијано Роналдо.
Меѓутоа, сега би можело да дојде до големо пресврт, поради што следната станица во кариерата на 32-годишникот би можела да биде Италија.
Имено, Џанлука Ди Марцио објави вест дека Рома е подготвена да го доведе Касемиро во случај Леандро Паредес да се врати во Аргентина.
Паредес има желба да игра за Бока Хуниорс и многу е извесно дека тој трансфер би можел да се реализира во наредните денови.
Во тој случај, од Олимпико би тргнале по Касемиро. Преодниот рок завршува на 3 февруари што е доволно време да се заврши сè.
Рома ја започна сезоната доста слабо, но со доаѓањето на Клаудио Раниери на клупата, „Волчицата“ проигра и во последно време бележи позитивни резултати.
Бразилскиот играч за врска се најде на листата на пречкртаните играчи и Аморим има за цел најпрво да се ослободи од него заедно со Маркус Рашфорд.
Откако Аморим е тренер, Касемиро одигра само шест натпревари за Манчестер Јунајтед и нема сомнеж дека португалскиот тренер не смета сериозно на неговите услуги.
Да потсетиме, Касемиро пристигна на Олд Трафорд во летото 2022 година од Реал Мадрид за 70 милиони евра и никогаш не ги оправда вложените пари.