
Вечерва во градот Евро ќе преовладуваат различни чувства. Во првото полуфинале на Лигата на шампионите, ќе се соочат Усман Дембеле од ПСЖ, добитник на Златната топка, и Дајот Упомекано од Баерн, двајца француски репрезентативци кои пораснале во истиот дел од градот. Независно од тоа кој ќе победи, и двајцата ќе имаат поддршка од трибините, бидејќи поканија многу млади од делот на градот каде што израснаа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Овие двајца фудбалери организираа транспорт за младите од квартот Ла Мадлен во Евро, каде што поминале дел од своето детство. Според еден од нивните пријатели, Дембеле и Упомекано заедно ги покрија трошоците за патот до стадионот Паркот на принцовите. “Вечерва, два автобуса ќе тргнат од Ла Мадлен до стадионот. Ова беше нивна заедничка иницијатива. Се договорија да ги поканат луѓето од квартот, сите трошоци се покриени, а ќе добијат и мали дресови”, откри пријател во репортажа на Канал+.
Ousmane Dembélé et Dayot Upamecano régalent leur quartier à Evreux pour PSG – Bayern 🤩#PSGBAY #UCL pic.twitter.com/XAiOtfryOW
— CANAL+ Foot (@CanalplusFoot) April 27, 2026