Фелипе Кутињо во вчерашниот натпревар од шпанскиот куп го запиша своето деби за Барселона.
Бразилецот во игра влезе во второто полувреме и како и што се очекуваше остави одличен впечаток. Кога Кутињо влезе во игра во 69 минута од натпревар Барселона против Еспањол веќе имаше предност од 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По враќањето од повредата со која пристигна од Ливерпул, Кутињо покажа дека ќе биде сериозно засилување за Каталонците.
„Ги одиграв првите минути за голем клуб каков што е Барселона, навистина сум среќен и горд поради тоа. Ова беше посебна вечер. Навивачите и соиграчите ме дочекаа со фантастична реакциј. Бев нервозен на почетокот, но нивната реакција ме смири“, изјави Кутињо.