Дома Фудбал Kутињо за дебито во Барса: Ова беше посебна вечер

Kутињо за дебито во Барса: Ова беше посебна вечер

Фелипе Кутињо во вчерашниот натпревар од шпанскиот куп го запиша своето деби за Барселона.

Бразилецот во игра влезе во второто полувреме и како и што се очекуваше остави одличен впечаток. Кога Кутињо влезе во игра во 69 минута од натпревар Барселона против Еспањол веќе имаше предност од 2:0.

По враќањето од повредата со која пристигна од Ливерпул, Кутињо покажа дека ќе биде сериозно засилување за Каталонците.

„Ги одиграв првите минути за голем клуб каков што е Барселона, навистина сум среќен и горд поради тоа. Ова беше посебна вечер. Навивачите и соиграчите ме дочекаа со фантастична реакциј. Бев нервозен на почетокот, но нивната реакција ме смири“, изјави Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…