Дома Трансфер зона Jунајтед одбил да го пушти Мегваер во Барселона

Jунајтед одбил да го пушти Мегваер во Барселона

Maнчестер Јунајтед се обидува да го доведе Френки Де Јонг од Барселона, а каталонскиот клуб како дел од тој трансфер го сакал Хари Мегваер, но „црвените ѓаволи“ одбиле таква опција.

Јунајтед за Мегваер плати 87 милиони евра на Лестер и го направи најскап стопер на сите времиња. Меѓутоа во последната сезона поради низа киксеви се најде на мета на критики на навивачите и британската јавност, сепак и покрај тоа ќе остане во тимот за наредната сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг верува дека Мегваер може да биде предводник на неговата одбрана и не е спремен да се откаже од него ова лето. Јунајтед ќе продолжи да преговара за Де Јонг, но без Мегваер како дел од трансферот.

Англичаните сакаат договор во кој нема да бидат вклучени други играчи, туку се би било само финансиски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…