Дома Фудбал Јунајтед го победи Челси во нервозен натпревар со два црвени картона

Јунајтед го победи Челси во нервозен натпревар со два црвени картона

Манчестер Јунајтед запиша победа со 2:1 против Челси во едно од најинтересните дербија од петтото коло на Премиер лигата.

Бруно Фернандеш (14’) и Каземиро (37’) беа прецизни за домаќините, а Трево Чалоба (80’) постигна гол за „сините“. Во голема мера сепак настаните на теренот под поројниот дожд на „Олд Трафорд“ беа дефинирани од раниот црвен картон на Роберт Санчез, кој беше исклучен уште во 5-тата минута, како и исклучувањето токму на стрелецот Каземиро (45+5’), кој беше исклучен во додатното време.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова беше втора последователна победа за момците на Рубен Аморим како домаќин во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каиседо потпиша договор со Челси до 2033-та и изјави: Сакам да станам легенда

Челси официјално објави дека Мојсес Каиседо потпишал нов долгорочен договор со клубот. Дог…