
Никола Јокиќ беше гостин на подкастот „X&O’s Chat“ кај коментаторот Един Авдиќ, а при таа прилика говореше за повеќе моменти од кариерата и својот личен живот. Освен тоа, го откри и своето емотивно лице.
Иако понекогаш изгледа воздржано на теренот, Јокиќ е навистина емотивен. На теренот и надвор од него емотивно ги доживува секој момент, а, како што вели, умее и да заплаче. Особено кога ќе го „погоди“ песна.