Дома Кошарка Joкиќ одигра натпревар каков што ретко се гледа од него: Шутна само четири пати

Joкиќ одигра натпревар каков што ретко се гледа од него: Шутна само четири пати

Кошаркарите на Денвер без поголеми проблеми изминатата вечер го совладаа Детроит Пистонс со 131:114 што беше и очекувану бидејќи станува збор за најлошиот тим сезонава во НБА лигата.

Натпреварот како да не беше мотивирачки и за Никола Јокиќ кој скоро и да се исклучи од офанзивниот дел од играта и шутна само трипати, а натпреварот го заврши со за него прескромни четири поени. Но, сепак асистираше и запиша дури 16 додавања до своите соиграчи, додаде и уште седум скока и пет блокади.

До ваков учинок Јокиќ стигна за 25 минути поминати на паркетот. Најрасположен кај актуелниот шампион беше Џамал Мареј кој постигна 33 поени, Мајкл Портер додаде 15, а Пејтон Вотсон 13 поени. Бојан Богдановиќ на спротивната страна средбата ја заврши со 14 поени, Алекс Брукс беше поефикасен од него со 15.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Атланта 117-110, Сакраменто – Њу Орлеанс 100-133, Далас – Минесота 115-108, Денвер – Детроит 131-114, Феникс – Мемфис 115-121, Голден стејт – Торонто 118-133, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 106-103, Бруклин – Порланд 127-134.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…