Дома Фудбал Останато Jaја Туре започнува тренерска кариера, познато и во кој клуб

Jaја Туре започнува тренерска кариера, познато и во кој клуб

Легендарниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска се враќа во фудбалот.

Јаја Туре може да се пофали со фантастична кариера како играч. Овој одличен играч за врска остави голема трага играјќи за Барселона иМанчестер Сити, тимови со кои освои голем број на трофеи.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Играчката кариера ја заврши на почетокот на оваа година, но брзо се враќа во фудбалот. Тој се посвети на тренерската работа, а сега пристигна вест дека се договорил со новиот клуб. Имено, Туре ќе биде помошник во украинскиот Олимпик Доњеск кој во првенството во Украина се наоѓа на седмата позиција на табелата.

Изминатото лето се обиде да пронајде ангажман во еден англиски четвртолигаш, но на крајот договор не се постигна.

Новиот предизвик Туре го чека веќе во сабота кога Олимпик Доњеск ќе гостува кај Динамо Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер заработил бизарна повреда во својот дом, ќе пропушти два големи дерби натпревари

Играчот на Челзи, Кол Палмер, доживеа повреда што ќе го оддалечи од фудбалските обврски во…