Дома Фудбал Jaмал се наје во проблем: Си го изгуби пасошот во Турција, нервозно го бараше (Видео)

Jaмал се наје во проблем: Си го изгуби пасошот во Турција, нервозно го бараше (Видео)

Шпанија со убедливо високи 6:0 ја совлада Турција во Коња во квалификациите за Светското првенство, но по натпреварот во фокусот се најде ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, кој остана без својот пасош.

Камерите го снимија Јамал додека безуспешно го пребаруваше автобусот во потрага по пасошот. Потоа ја отвори и својата чанта, но сè беше залудно.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“По натпреварот долго го бараше, се врати и во соблекувалната која целосно ја пребараа. Ја напушти арената без да го најде”, изјави турскиот новинар Емир Киличетин.

Не е познато што се случило понатаму и дали ѕвездата на Барселона била заглавена во Турција. Најверојатно, некое време тоа навистина беше случај, но се верува дека проблемот брзо бил решен преку амбасадите.

Сепак, станува збор за голема фудбалска ѕвезда која, на 18 години, веројатно не размислувала многу за својот пасош и којзнае каде на крајот завршил тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…