
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал ќе го пропушти гостувањето кај Њукасл во Лигата на шампионите во четврток поради повреда во пределот на препоните, јавува „Мундо Депортиво“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што е познато, крилото отсуствуваше при победата со 6:0 против Валенсија поради истата повреда. Според каталонскиот весник, болките на крилото се појавиле уште при победата со 3:2 против Леванте на 23 август, по што се засилиле при ремито 1:1 со Рајо Ваљекано. Учество на Јамал во победите на Шпанија против Бугарија со 3:0 и против Турција со 6:0 само ја влошило повредата и така дошло до потреба од одмор од натпревари.
Очекувањата на весникот се дека младиот талент ќе биде под сериозен прашалник за неделното домаќинство против Хетафе, а веројатно и за гостувањето кај Овиедо следниот четврток. Можно е Јамал да се врати во игра како замена при домаќинството на Реал Сосиедад следниот викенд, но големата цел на Барселона е тој да биде комплетно подготвен за дуелот со гостувачкиот Пари Сен Жермен во ЛШ на 1 октомври.