
Ламин Јамал, младиот ас на Барселона и новата голема ѕвезда на светскиот фудбал, ги изненади многумина со својата постапка за време на одморот во Бразил. Наместо гламур и луксуз, тој одлучи да игра фудбал со локалните деца – и тоа сред една од најопасните фавели во Рио де Жанеиро.
Фудбалерот на Барселона беше забележан како игра со децата длабоко во срцето на злогласната фавела Рочина, која е позната по високата стапка на криминал, пукањата и секојдневните пресметки на криминални групи. Во тие предели, забегани куршуми не се реткост, а животи се губат и без причина.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Сепак, Ламине Јамал, кој и самиот пораснал во не многу безбедно окружување, покажа дека не се плаши од улиците. Со насмевка на лицето играше со децата и изгледаше целосно опуштено, и покрај околината каде и локалните жители одат со претпазливост.
🚨СПОРТОВИ: Ламине Јамал, во дрес на Бразилската репрезентација, игра со деца на теренот на фавелата Рочина, во Јужната зона на Рио де Жанеиро. pic.twitter.com/Z5IMCs02z9
— ДИРЕКТНО ОД МИОЛО (@diretodomiolo) 21 јуни 2025
Фото: Принтскрин