
Фудбалската платформа Transfermarkt, која функционира како „биографија“ за играчите, ги ажурираше вредностите на фудбалерите и објави кој е најскапиот играч на планетата.
Нормално, оваа титула ја доби Ламин Јамал, младиот фудбалер кој за кратко време стана најголемата сензација во светскиот фудбал. Летово, тој одигра клучна улога во освојувањето на Европското првенство со шпанската репрезентација, а неговото блескање продолжи и во Барселона во текот на целата сезона.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Сите овие успеси, во комбинација со фактот дека тој има само 17 години, резултираа со раст на неговата вредност, која сега, според информациите од Transfermarkt, изнесува 200 милиони евра. Претходно, неговата проценета вредност беше 180 милиони евра.
На второто место, како највредни играчи на светот, се наоѓаат Џуд Белингам заедно со уште две големи ѕвезди на фудбалот. Белингам вреди 180 милиони евра, исто колку и Ерлинг Холанд и Килијан Мбапе.
На петото место е Винисиус Жуниор од Реал, со вредност од 170 милиони евра, а Букајо Сака е на шестото место, со проценка од 150 милиони евра.
На седмото, осмото и деветтото место се наоѓаат тројца фудбалери со вредност од по 140 милиони евра, а тоа се Педри, Флориан Вирц и Џамал Мусиала. Листата на десетте највредни играчи ја затвора Федерико Валверде, вреден 130 милиони евра.
