
Талентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, го избра најдобриот состав на Барселона на сите времиња според неговото мислење, а овој тим изгледа навистина неверојатно.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Одбирајќи го најдобриот тим на сите времиња на Барселона, Јамал го избра Виктор Валдес како очекуван избор за голман.
„На голот Виктор Валдес, затоа што во мојата глава тој е најдобриот што сме го имале и кого сум имал можност да го гледам.“
Во одбраната со тројца играчи ги избра Жерард Пике, Пујол и Маскерано, а, секако, најголемиот предизвик беше да се состави средниот ред.
„Во средината на теренот, Чави, Иниеста и Бускетс“, започна тој, па на средниот ред го додаде и Бразилецот. „Ќе го ставам Роналдињо, бидејќи во напад веќе знам кого ќе ставам.“
А во нападот ги постави прочуените МСН – Меси, Суарез и Нејмар. „Акцентот е на Меси, се разбира, а сакав да го ставам Нејмар затоа што ми е омилен играч, а како напаѓач, Луис Суарез за мене е најдобриот“, заклучи одличниот Шпанец.
Lamine’s team is so good pic.twitter.com/oeBfKMOMmm
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 12, 2025
Фото: Принтскрин
.