Дома Фудбал Jaмал е соочен со најсериозниот предизвик во неговиот живот, сигурен е Канисарес

Jaмал е соочен со најсериозниот предизвик во неговиот живот, сигурен е Канисарес

Поранешниот голман на шпанската репрезентација Сантијаго Канисарес смета дека Ламин Јамал од Барселона се соочува со најпредизвикувачката година во својата кариера.

“Оваа сезона можеби е најтешка во кариерата на Ламин Јамал досега. Тој треба да ги зацврсти своите достигнувања. Ќе му биде доста тешко, затоа што блескаше на највисоко ниво. Ова е исто така година на големи промени, особено на личен план за Јамал. Повеќе нема да можеш да пиеш пиво тука или Кока-Кола таму, ниту пак да го шеташ кучето во паркот. Сè се менува драстично кога си фудбалска ѕвезда”, рече Канисарес, цитиран од весникот “Марка” во понеделник.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Голманот го одигра најсилните години во Валенсија. Со “бело-црните” освои два пати титулата на Шпанија, еднаш купот на земјата, по еднаш купот на УЕФА и Суперкупот на Европа и играше на два финалиња во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси си ја отвори душата за еден од најтешките моменти: Сакав да се убијам, се исплашив…(Видео)

Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси повторно го покажа своето човечко лице споделу…