Дома Фудбал Ja изневери Барселона на најлош можен начин, а сега жали за сè: Бев млад и под притисок

Ja изневери Барселона на најлош можен начин, а сега жали за сè: Бев млад и под притисок

Илаиш Мориба беше голема надеж на Барселона, но сите ги изненади со одлуката да го одбие новиот договор по што замина во Лајпциг, признавајќи дека дури сега сфатил каква грешка направил.

Мориба уште како дете дојде во Ла Масија каде што помина речиси сите младински категории на Барселона, а потоа 2021 година Роналд Куман одлучи да му даде шанса во првиот тим на овој клуб.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Иако беше само тинејџер, таа шанса одлично ја искористи и одигра неколку одлични натпревари за Барселона, по што раководителите на клубот одлучија да реагираат и му понудија нов договор.

Сепак, и покрај тоа што се чинеше дека Мориба е иднината на Барселона во средниот ред, тој ги шокираше сите во клубот кога одби да потпише нов договор и бараше повеќе пари за неговиот останок, на што тие не се согласија.

Уцената од неговиот агент не помина како што се надеваа тој и Мориба, бидејќи Барселона веднаш ги прекина преговорите и веќе летото 2021 година реши да го продаде за да не замине бесплатно по истекот на договорот.

„Направив грешка што заминав од Барселона. Тогаш бев многу млад и неискусен, под притисок. Не бев јас тој кој ги носеше одлуките за мојата кариера“, изјави овој 22-годишник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија се бори против расизмот, а еден клуб предложи неверојатна идеја: Се да биде решено со – црвен картон!

Поранешниот шпански прволигаш, екипата Малага, смисли една посебна идеја, која ќе ја предл…