Јувентус минатото лето го продаде Миралем Пјаниќ за 70 милиони евра на Барселона и од Каталонците го купи Артур Мело за 80.
Но, ниту Јуве, ниту Барса не добија нешто посебно плус на теренот, па сега се шпекулира за нова размена помеѓу двата клуба. Наводно, Јувентус сега на Барселона и го нуди Арон Рамзи за да го врати Пјаниќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека Пјаниќ е „отпишан“ кај Роналд Куман, за него нема место. Меѓутоа прашањето е што Барселона би добила со Рамзи? На Куман му е потребен играч за врска, но Ремзи тешко дека се вклопува со играч каков што бара Холанѓанецот.
Рамзи не е „box to box“ играч за врска, повеќе е офанзивно ориентиран и тешко би можел да се снајде во формација 4-3-3.
Пјаниќ во изминатата сезона одигра 30 натпревари и не забележа ниту асистенција, ниту гол. Во Јувентус играше од 2016 до 2020 и во тој период постигна 22 гола и подели 41 асистенција на 178 натпревари.