Дома Фудбал Извлекување на двојките за осминафиналето од Лигата на шампионите

Извлекување на двојките за осминафиналето од Лигата на шампионите

Во седиштето на УЕФА денеска (почеток 12 часот) ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето од годинашново издание од Лигата на шампионите. 16 екипи ќе се борат за пласман за финалето кое ќе се игра на 30.мај во Будимпешта.

Според пласманот во 1/16 финалето слободни беа осумте првопласирани екипи: Арсенал, Барселона, Баерн, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Спортинг и Тотенхем. На овие осум екипи им се приклучија осумте победници од 1/16 финалето: Аталанта, Атлетико Мадрид, Бодо/Глимт, Галатасарај, Баер Леверкузен, Њукасл, ПСЖ и Реал Мадрид.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Екипите кои беа пласирани на првите осум позиции во групната фаза покрај тоа што беа слободни, реванш дуелите ќе ги играат на домашен терен.

Натпреварите ќе се играат на 10/11.март и на 17/18.март 2026.

Четвртфиналните дуели се планирани за 7/8.април и 14/15.април 2026.

Полуфиналните натпревари се планирани за 28/29.април и 5/6.мај 2026.

Извлекувањето на двојките ќе биде полудиригирано.

Арсенал – потенцијални противници: Аталанта, Баер Леверкузен.

Барселона – потенцијални противници: Њукасл, ПСЖ.

Баерн – потенцијални противници: Аталанта, Баер Леверкузен.

Челзи – потенцијални противници: Њукасл, ПСЖ.

Ливерпул – потенцијални противници: Атлетико Мадрид, Галатасарај.

Манчестер Сити – потенцијални противници: Бодо/Глимит, Реал Мадрид.

Спортинг – потенцијални противници: Бодо/Глимит, Реал Мадрид.

Тотенхем – потенцијални противници: Атлетико Мадрид, Галатасарај.

Аталанта – потенцијални противници: Арсенал, Баерн.

Атлетико Мадрид – потенцијални противници: Ливерпул, Тотенхем.

Бодо/Глимит – потенцијални противници: Манчестер Сити, Спортинг.

Галатасарај – потенцијални противници: Ливерпул, Тотенхем.

Баер Леверкузен – потенцијални противници: Арсенал, Баерн.

Њукасл – потенцијални противници: Барселона, Челзи.

ПСЖ – потенцијални противници: Барселона, Челзи.

Реал Мадрид – потенцијални противници: Манчестер Сити, Спортинг.

Титулата европски шампион ја брани екипата на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најважниот дел од сезоната започнува, а Барселона е без еден клучен играч во средината

Барселона се соочува со сериозен проблем затоа што остана без Френки Де Јонг во исклучител…