Адемола Лукман (27) е избран за најдобар африкански фудбалер во 2024 година.
Напаѓачот на Аталанта ја доби наградата на настанот на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Нигериецот постигна три гола за Аталанта во победата на Аталанта против Баер Леверкузен (3:0) во финалето на Лига Европа, а за клубот од Ломбардија минатата сезона постигна вкупно 17 гола. Во тековната сезона има 11 голови.
Во финалето за најдобар африкански фудбалер се најдоа и Мароканецот Ахраф Хакими (Пари Сен Жермен), Гвинеецот Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) од Брегот на Слоновата Коска и јужноафриканскиот голман Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандаунс). Победниците ги избираат тренерите и капитените на репрезентациите.