Дома Останати Тенис Ивановски со одлична игра се избори за осминафинале во Опатија

Ивановски со одлична игра се избори за осминафинале во Опатија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски забележа сигурна победа и обезбеди пласман во второто коло на ИТФ фјучерс турнирот што се одржува во Опатија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во првото коло, Ивановски се соочи со данскиот тенисер Кејн Бонсах Генлеј, при што триумфираше со 2-0 во сетови (6-4, 7-5) по 103 минути игра. Македонскиот тенисер доминираше во клучните моменти од мечот, а тоа се одрази и во вкупниот број освоени поени, каде што имаше предност од 74-64.

Во следната фаза, Ивановски ќе ги одмери силите со шестиот носител на турнирот, Украинецот Вјачеслав Биелински, во обид да продолжи со одличните настапи и да се избори за следното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз не игра на Вимблдон!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да игра на годинешниот Вимблдон! Зошто проблемот со …