Дома Фудбал Италијански и португалски великани го следат младиот талент на Баерн

Италијански и португалски великани го следат младиот талент на Баерн

Италијанските великани Јувентус, Милан и Интер, врвните тимови во Португалија Спортинг Лисабон и Бенфика, како и шпанскиот Реал Сосиедад покажуваат интерес за младиот талент на германскиот шампион Баерн Минхен, Адин Личина, известуваат „Билд“ и „Газета дело спорт“.

18-годишното крило е еден од најветувачките младинци кај баварците, а дури беше на предсезонски подготовки со првиот тим. Во моментов, Личина игра за вториот тим на клубот, каде има 16 натпревари со 1 гол и 5 асистенции оваа сезона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој помага и на тимот на Бајерн U19 во Младинската Лига на шампиони, каде има 1 гол и 1 асистенција во 4 натпревари. За Германија U19 има одиграно 7 средби со 1 постигнат гол и една асистенција.

Личина може да си замине оваа зима, имајќи предвид дека договорот му истекува на крајот на сезоната. Се смета дека Баерн нема да бара многу пари за него, но за возврат може да бара процент од следната негова продажба или опција, со која во иднина ќе може да го врати назад во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…