
Репрезентацијата на Италија сè уште задржува мала надеж за учество на Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. И покрај разочарувачкото испаѓање во финалето на европскиот бараж од Босна и Херцеговина, по поразот од 4:1 во пенал-серија, “Аѕурите” се соочуваат со можноста да го пропуштат третото по ред светско првенство. Сепак, постои трага на надеж дека нивната судбина би можела да се промени, пишува Goal.com.
Италија ја гледа својата шанса за учество на следниот летен турнир во можноста иранскиот тим да се повлече од натпреварувањето. Зголемените тензии со САД, еден од домаќините на првенството, ставаат знак на прашање околу учеството на Иран.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Француската мрежа „РМЦ Спорт“ известува дека дел од италијанските навивачи започнаа да замислуваат за можноста “на зелена маса” да се најдат во играта, ако Иран реши да се повлече. Иако таквото сценарио е речиси невозможно, некои веруваат дека Италија, како највисокорангирана репрезентација кое не се квалификуваше, би можела да биде повикана да го заземе нивното место во групата Г, каде се наоѓаат Белгија, Нов Зеланд и Египет.