Искусниот камерунски стрелец Ерик Максим Чупо-Мотинг би можел да се врати во професионалниот фудбал веќе во 2025 година, бидејќи е многу блиску до договор да се пресели во Њујорк Ред Бул, кој се натпреварува во МЛС лигата.
Според информациите, фудбалерот, кој нема клуб по разделбата со Баерн во мај, треба да пристигне во Њујорк во ануари и да се обврзе на двегодишна соработка со овосезонскиот учесник во плејофот во најсилната лига во САД.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Чупо-Мотинг претходните четири сезони ги мина во Баерн, додека претходно го носеше дресот на Пари Сен Жермен, Стоук и неколку бундеслигаши, меѓу кои најдобрите натпревари ги одигра во Шалке и Мајнц.