
Тренерот на Париз Сен Жермен, Луис Енрике, уште еднаш покажа зошто важи за еден од најкреативните фудбалски тренери на денешницата.
Во натпреварот од петтото коло на Лига 1 против Ленс, шпанскиот стратег изведе неконвенционален потег, следејќи го првото полувреме од трибините, поточно од новинарската ложа.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Овој негов чекор беше неочекуван за многумина, но Енрике по натпреварот објасни дека не станува збор за каприз, туку за внимателно осмислена тактика инспирирана од регби.
Ayer, Luis Enrique vio el primer tiempo contra el Lens en la tribuna de prensa y después, en el segundo, bajó al banquillo.
— Andrés Onrubia Ramos (@AndiOnrubia) September 15, 2025
El asturiano no descarta repetir esta fórmula en el futuro.
“Hace tiempo que veo a los entrenadores de rugby que analizan los partidos con una perspectiva… pic.twitter.com/xYrvqVP5pi
“Долго време набљудувам како тренерите од регби ги следат натпреварите од повисоки позиции. Идејата ми се допадна бидејќи овозможува јасен преглед на играта. Сакав да пробам и самиот и можам да кажам дека беше извонредно. Се може да се контролира подобро”, изјави Енрике по натпреварот.
Тој истакна дека “птичјиот поглед” му овозможил подобро да ги анализира положбите на играчите, движењата без топка, празните простори и линиите на додавање. Сето тоа му помогнало да направи конкретни и квалитетни прилагодувања во второто полувреме.
“На полувреме ја имате совршената слика на играта пред себе. Јасно гледате кој одиграл добро, а кој не. Имате директни информации кои ви помагаат за подобри одлуки”, објасни тренерот на ПСЖ.
Иако овој пристап сè уште е невообичаен во европскиот фудбал, Енрике не ја исклучува можноста повторно да го користи во идните натпревари. Шпанскиот тренер е познат по својата отвореност кон нови идеи, а инспирацијата од други спортови, како рагбито, само го потврдува неговото стремење да ги поместува границите во тренерската професија.
Доколку се покаже како успешен, не е исклучено да видиме и други тренери, особено во најголемите европски клубови, како првото полувреме го следат од трибините наместо од клупата.