Дома Фудбал „Илирида“ и „Голема Албанија“ – навивачите на Шкендија со националистички извикувања

„Илирида“ и „Голема Албанија“ – навивачите на Шкендија со националистички извикувања

Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“.

Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, направија инцидент со националистичките извикувања. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

Ова не е прв испад на навивачите на Шкендија. Тие пред неколку месеци за време на едноминутниот молк на натпреварот против Брера, а во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, упатуваа свирежи и скандираа за УЧК.

Инаку, Шкендија го загуби натпреварот од Карабах со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен проектил на Собослај, Слот во чудо (ВИДЕО)

Ливерпул обезбеди место во шеснаесетфиналето на англискиот ФА куп откако го победи третоли…