
Многу внимание привлече специјалното издание на емисијата „Неуспех на шампионите“ кое го води Славен Билиќ, а причината е гостинот што пристигна во студиото, а тоа е легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
Познато е дека Ибрахимовиќ претходно признал дека му е бразилецот Роналдо бил играчки пример, а сега откри уште една спортска величина. Говореше и за самиот Роналдо и зошто токму тој.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Го гледав Мухамед Али, но ТВ не беше во боја, црно-бело тогаш беше, гледам како зборува, не беше арогантен и како дете веднаш почнав да се интересирам кој е тој,” рече Ибрахимовиќ и продолжи:
“Реков сакам да бидам како него, но во фудбалот. Почнав да гледам фудбал, а тогаш го видов Бразилецот Роналдо.”
А потоа во еден здив зборуваше за Роналдо.
“Кога ќе видиш таков играч, почнуваш да правиш што и тој, тој е најдобриот играч на светот на сите времиња,” истакна Ибрахимовиќ.
“Има големи играчи, но за мене Роналдо беше најдобриот на сите времиња,” јасен беше поранешниот шведски фудбалски ас.