Дома Фудбал Ибрахимовиќ понижен како никогаш досега – доби „шлаканица“ од навивачите (Фото)

Ибрахимовиќ понижен како никогаш досега – доби „шлаканица“ од навивачите (Фото)

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ беше исвиран на „Сан Сиро“ по повод 125-годишнината од основањето на клубот. Иако беше еден од најомилените играчи на навивачите на Милан, јасно е дека најстрасните поддржувачи не се задоволни од начинот на кој ги извршува обврските и од резултатите на екипата.

Ибрахимовиќ е советник на сопственикот Џери Кардинале, но всушност тој е човекот кој најмногу решава за трансферите, па затоа неодамна Антонио Д’Отавио поднесе оставка на местото спортски директор. Кога неговото лице се појави на екранот на „Сан Сиро“, навивачите му упатија свирежи, на што Ибрахимовиќ само се насмевна.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Милан и Џенова одиграа натпревар без голови (0:0), а „росонерите“ се заблагодарија на легендите како Франко Барези, Филипо Инзаги, Марко ван Бастен и други.

„Да ги поздравиме нашите шампиони – симболи на Милан кој веќе не постои“, пишуваше на паролата на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…