Данскиот репрезентативец Расмус Хојлунд беше стрелец против Португалија за 1:0 во 78-та минута од натпреварот во Копенхаген.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, во центарот на вниманието беше неговата прослава на голот, која беше таканареченото “сиуу”, потег со кој Кристијано Роналдо ги прославува своите голови, точно пред Португалецот.
“Тој е мојот идол. Не сакав да го исмевам. Тој имаше огромно влијание врз мене и мојата кариера”, објасни Хојлунд, па додаде:
“Играм против најдобриот фудбалер на светот, мојот идол, и да постигнам гол и да победам, не може подобро. Да постигнам гол против него и Португалија е голема работа. Го гледав во 2009 кога постигна гол од слободен удар и од тогаш сум негов обожавател.”
Данска славеше со 1:0 на овој натпревар. Реваншот ќе се игра во недела од 20.45 часот во Лисабон.
Кристијано Роналдо како го набљудува Расмус Хојлунд како го изведува неговиот начин на прослава. 😬 pic.twitter.com/tIX1RW1cJr
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 20, 2025